Сутерен.мк

Викенд рецепт: Предјадење со велигденски јајца

Состојки

4 тврдо варени јајца, 1 конзерва сечкани домати (пелати), 1 главица кромид, 2 чешниња лук, 1 супена лажица маслиново масло, 1 супена лажица доматно пире, сол, црн пипер, босилек, магдонос, оригано.

Подготовка

Во тава на умерен оган сипете маслиново или обично масло. На јајцата направете мали засеци за да не распукаат додека се пржат, па спуштете ги во топлото масло.

Пржете ги со повремено промешување додека малку заруменат, па посолете ги по вкус. Извадете ги од маслото. Три домати со средна големина и две поголеми главици кромид сомелете ги во блендер, па целата содржина сипете ја во маслото каде претходно се пржеа јајцата.

Додајте црвен пипер во прав, бел или црн пипер и зачини по ваш вкус, како магдонос, коријандер, босилек, оригано…
Штом забележите дека маслото започнало да избива на површината, значи дека сосот е добро зготвен.
Потоа вратете ги јајцата и оставете да крчкаат пет минути, внимавајќи да не ви загори на дното. Вашето топло предјадење е готово и послужете го наросено сечкан млад кромид.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *