Сутерен.мк

Во Ирска се сите внуци!?

Зошто многу од ирските презимиња почнуваат со „О“? Ова „О“ значи дека станува збор за нечиј потомок, но во случајов се однесува на внук! „Џејмс О’ Хара“ (кратенка за англиското „оф“) значи е внук на господинот Хара.

Понекогаш пак, биле нарекувани и по таткото и тогаш го добиваат она „Мк“ (во ирските имиња) и „Мак“ (во шкотските) што значи, „син на тој и тој“.

Доколку се прашувате што е со ќерките и сопругите – и тие биле нечии синови! Феминизмот не е појавен случајно. Како и во многи други култури и тука жените се сметани за приврзоци на мажите.

Сепак, извесен период (петти и шести век) постоеле и женски префикси, како „Не“ што значело дека таа е нечија ќерка (Мери Не Фленери) и „Беан“ за сопруга (Беан О Рајли – сопругата на внукот на Рајли). Меѓутоа, овие префикси никогаш не се рашириле и вкорениле доволно за да опстојат…

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *