Сутерен.мк

Германијo, имаме проблем!

Германски весник Билд објави манифест до дојденците во земјата во кој им се објаснува дека домаќините не мислат да го сменат својот начин на живот само затоа што им дошле гости. Им се порачува дека е важно да го научат јазикот, има и лекции за бонтон. Едни одушевени од декларацијата, други велат дека е ова е лошо напишан но добро сумиран манифест на германскиот расизам

Весникот Билд кој се продава во тираж од 1,3 милиони примероци, објави манифест од 50 точки за мигрантите кои живеат во земјата. Овој своевиден „куќен ред“ Билд го објавува во атмосфера кога по десетина илјади луѓе излегуваат во германските градови протестирајќи против израелските напади во Газа.

„Германија, имаме проблем“, вели насловот на текстот во кој се порачува дека Германија сега мора да каже НЕ! на антисемитизмот, на мизантропијата и на сите оние што нејзе ѝ викаат НЕ.

Изворот на хаосот е лоциран во пристигнувањето на „повеќе од три милиони бегалци, многу од нив од арапскиот свет“ во Германија од 2015 година.

„Не сакаме да го промениме нашиот начин на живот само затоа што имаме гости“, вели една од точките на куќниот ред.

Се зборува и за важноста од учењето германски јазик, почитувањето на верските слободи и некористењето на социјалната помош како примарен извор на приход.

Други точки вклучуваат:
„Не носиме бурки и фереџиња, ние се гледаме в лице“,

„Многу Германци јадат свинско месо“

„Жените кои имаат афери не се осудувани, камоли тепани или каменувани!“

Некои точки се класичен бонтон:

„Велиме ‘ве молам’ и ‘ви благодариме’“.

Една точка гласи вака:

“Жените носат бикини или костими за капење во базен. Ако некој сака да плива гол во Балтичкото Море – и тоа е во ред!”

Публиката очекувано се подели. За едни, ова е застрашувачка порака за секој кој дошол во Германија, други викаат дека би го потпишале манифестот со две раце.

Извор…

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *