Сутерен.мк

Грција ги легализираше истополовите бракови

Грчкиот парламент денес го усвои предлог-законот за дозволување истополови бракови бракови и право на посвојување деца. Истополовите партнери ова го нарекол историски момент за земјата.

Со ова Грција стан првата православна држава која легализираше истополови бракови. Предлог-законот беше поддржан од 176 пратеници од вкупно триста.

Грчкиот премиер, Киријакос Мицотакис, оваа одлука ја нарече клучен чекор напред кон остварување на човечките права и посочи дека Грција е 16-та земја од ЕУ која легализира истополови бракови.

Новиот закон исто така ги гарантира правата за посвојување деца за истополовите партнери.
Сепак, законот не дозволува родителство преку сурогат мајка за машките истополови партнери, иако истата е достапна за женските истополови парови, кои од некоја причина не можат да имаат деца.

Анкетите покажаа дека најголем дел од луѓето ја поддржуваат одлуката, а ја поддржаа и мнозинството од креаторите на политики.
Три десничарски екстремистички партии во парламентот, го одбија законот. Поглаварот на православната црква во Грција, архиепископот Леронимос, исто така го осуди законот како нова реалност која ќе ја корумпира домашната социјална кохезија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *