Сутерен.мк

Дрвен Епл компјутер за 400 илјади долари?!

Првиот компјутер на Епл, еден од само 200 компјутери конструирани и тестирани во 1976 година од Стив Возниак, Стив Џобс, Пети Џобс и Даниел Котке, беше продаден на аукција од калифорниска аукциска куќа за 400.000 долари во вторникот.

 

Редок пример на компјутер Епл 1 со куќиште направено од дрво е еден од само 60-те преостанати и само еден од 20-те кои сè уште работат.

Овој, досега имал двајца сопственици: универзитетски професор, а вториот бил негов студент на кој професорот му продал компјутер за 650 долари.

Би-Би-Си пишува дека новиот сопственик, покрај реткиот компјутер, добил и оригинални упатства за употреба како и касети, соопштија од калифорниската аукциска куќа.
Стив Џобс, Стив Возниак и Роналд Вејн го основаа Епл 1 во април 1976 година во гаража во Калифорнија, а за да го финансира производството, Џобс го продал своето комбе, додека пак,Возниак, својот калкулатор ХП-65 за 500 долари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *