Сутерен.мк

Закон со кој работниците можат да ги игнорираат шефовите

Австралија воведува закони кои на работниците ќе им овозможат да ги игнорираат повиците и пораките на своите шефови надвор од работното време

Ова право е дел од низата промени во работниот однос кои федералната влада ги предлага за да ги заштити правата на работниците.

Слични закони веќе се на сила во Франција, Шпанија и други држави од Европската Унија. Повеќето сенатори изразиле поддршка за мерката, кажа министерот за вработување Тони Бурк од владејачката Лабуристичка партија.

Со оваа мерка се спречува вработените да работат неплатено прекувремено, кажа Бурк.

„Она што го порачуваме е дека некој не е платен 24 часа дневно не смее да биде казнет ако не е онлајн и достапен 24 часа дневно“, кажа денес премиерот Ентони Албанезе. Парламентот за законот треба да гласа следната недела.

Дел од политичарите, здруженијата на работодавците и шефовите на компании предупредија дека законот ќе ја поткопа компетитивноста и ќе го загрози преминот кон пофлексибилно работно време.

Зелените, кои први го предложија ова правило минатата година, го сметаат за голема победа за својата партија.

„Австралијците просечно годишно работата шест недели неплатено прекувремено“, кажа лидерот на партијата Адам Бант, додавајќи дека тоа изнесува околу 60 милијарди долари неплатени плати. „Тоа време е ваше. Не на вашиот шеф“, порача тој.

 

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *