Сутерен.мк

Наскоро екстрадиција на Љупчо Палевски Палчо

Екстрадицијата на Љупчо Палевски Палчо првоосомничениот за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски ќе се случи наскоро, завршени се судските процедури, а во следните неколку дена треба да завршат и административните вели министерот за правда Кренар Лога по средбата со турскиот колега.

“Сега потребно е”, вели Лога, “турското МНР да стави свој потпис.”

Двата суда донеле одлука за одобрување, а министерот за правда тврди дека „во прашање се денови за негово испорачување во Македонија“.

Посетата на Лога на Анкара се совпаѓа со истекувањето на 40 дневниот притвор на Палчо во Баликесир, кој му гоодреди турската полиција која го уапси по издадена меѓународна потерница од страна на македонското МВР.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *