Сутерен.мк

За правда, за еднакавост на сите работници

Два првомајски протеста со исти барања – зголемување на платите, пристојно работно време, почитување на колективните договори…

Едниот под мотото „За правда, за еднаквост“, другиот „Работниците се државата“.

Двата најголеми синдикати во земјава – Сојузот на синдикати ССМ и Конфедерацијата на слободни синдикати КСС, во разлика од еден час на два одделни собира ги изнесоа своите безмалку идентични барања пред владата.

„За правда, за еднакавост за сите работници во државатаНие синдиклаците, ние работниците не се согласуваме со тоа да има ќебапче за работниците, а бифтек за власта“, рече претседателот на СОНК, Јаким Неделков.

„Бараме почитување на законите, бараме подобар животен стандард, бараме почитување на работникот и на неговиот труд, бараме зголемување на платите, бараме К-15 во согласност со стандардите“, истакна Зоран Антовски од Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС).
Откако ги испорачаа своите барање, синдикалците од КСС, како што и најавија, 1 Мај, Меѓународниот ден на трудот, го завршија со скара пред влада.

КСС си замина, а на нивно место пред владата дојдоа синдикалците од ССМ.

На владата и порачаа дека нема откажување.

„Да живее 1 Мај, да живее македонскиот работник. Иако овие позади не сакаат да не испочитуваат, не може работникот со покачување од 2 000 денари да го издржи месецот, а некој со 78 проценти покачување да си го тера месецот лежерно и убаво. Затоа, им порачуваме, не се откажуваме, нека си ги намалат и они платите, ние нема да бараме. Може да не лажат, цените во продавниците не се намалуваат “, рече Дарко Димовски, претседател на ССМ.

Овие првомајски протести поминуваат и во знакот на барањето за почитување на правото за пристојно работно време кое дојде по најавите за 60-часовна работна недела – дел од сетот законски измени кои влегоа во Собранието, а произлегоа од договорот со Бехтел/Енка на изградбата на автопатските коридори 8 и 10д.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *