Сутерен.мк

Зошто ни е топло кога црвенееме?

Црвенилото се јавува – обично како емоционална реакција како што е срамот – затоа што крвните садови во кожата нагло се шират. Тогаш се засилува дотокот на крв во површинскиот слој на телото и зафатените области поруменуваат. Црвенилото обично се врзува за лицето, но истото се случува и на вратот и горниот дел од трупот.

Овој засилен доток на крв ја пренесува внатрешната телесна топлина на површината, каде што ја забележуваат нервните рецептори, кои таа информација му ја испраќаат на мозокот. Благодарение на врската помеѓу рецепторите и мозокот, жештината ја чувствуваме само на местата каде што се појавило црвенилото.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *