Сутерен.мк

Како до посреќни граѓани?

На листата на најсреќни земји во светот Финска е лидер веќе пет години по ред, а по неа се Данска, Швајцарија и Исланд. Зошто жителите на овие земји се посреќни од другите?

Податоците покажуваат дека луѓето се позадоволни од животот во земјите каде што има квалитетни институции. Среќата кај граѓаните е силно поврзана со квалитетот на услугите, како добри пензии, опции за родителско отсуство, грижа за болните, бесплатно здравство и образование, помош за невработени…

Квалитетните владини институции ја намалуваат нееднаквоста помеѓу граѓаните, а тоа прави луѓето да се среќни бидејќи имаат доверба во јавните органи.
Во нордиските земји зимите се долги и студени, но според експертите, ефектот на доброто време врз среќата е незначаен. Луѓето се адаптираат на временските услови и лошото време не влијае врз оние што се навикнати на тие услови.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *