Сутерен.мк

Кои се најплатените професии?

Компјутерски програмер во Македонија, во просек зема плата од 73.805 денари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика за месец август!

Секторот „Информации и комуникации“ каде влегува и компјутерското програмирање повторно е број еден по висина на исплатената плата. Според податоците од ДЗС, просечно исплатената плата во овој сектор изнесува 54.893 денари.

Зад „Информации и комуникации“ најплатени сектори се Фармацијата и Воздухопловниот транспорт. Во Фармација просечната плата е 52.353 денари, додека во Воздухопловството таа изнесува 46.729 денари.

Како што покажуваат податоците од Државната статистика, на третото место се финансиските услужни дејности, освен осигурувањето и пензиските фондови, каде просекот за август изнесувал 46.114 денари. Зад нив се „Останати стручни, научни и технички дејности“ со просечна плата е 44.944 денари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *