Сутерен.мк

Викенд рецепт: Коктел канапеи

Коктел канапеи на мечка што мудро си го планира времето!

Европскиот стил на живот често подразбира ненајавени посети од пријатели и познаници, а секоја добро подготвена кулинарска мечка има одредени домаќински оружја во својот арсенал. Овие слатко-солени залачиња се совршениот придружник на коктел од пенливо вино или нешто посилно. И буквално, можете да ги направите за минути!

Состојки
– 300 грама козје сирење (проверете колку е солено пред миксање)
– 1 пакување крем сирење
– Голема лажица маслиново масло
– Махлеб или Махлепи (прекрасен ароматичен зачин)
– Китка свеж магдонос
– Брусница (околу 100 гр.)
– Тостирани семки од тиква (околу 100 гр.) за декорација
– Крекери од брашно од компир или без глутенски крекери со семки за сервирање

Чекор по чекор
– Изронете го козјето сирење во сад.
– Додајте крем сирење.
– Додајте маслиново масло.
– Добро измешајте за да добиете хомогена смеса.
– Ситно исецкајте ја брусницата.
– Крупно исецкајте го магдоносот.
– Направете топчиња со големина на труфел (цирка 2-3 см во дијаметар).
– Половината препелкајте ги во магдонос.
– Половината препелкајте ги во сецкана брусница.
– Рустикално наредете ги на чинија за сервирање.
– Поросете со семки од тиква.
– Во некои забодете крекери од брашно од компир.
– Отстрана аранжирајте ги крекерите.
– Налејте ги пијачките и voila, вие сте Абигејл, семоќната хостеса!

За повеќе, кликнете овде…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *