Сутерен.мк

Нова Градишка со споменик на Тоше!

Во Нова Градишка денеска беше откриен споменик на Тоше Проески. На свеченоста по тој повод, покрај скулпторот Славко Буниќ, присуствуваа и Милаим Фетаи, амбасадорот на Македонија, градоначалникот на Нова Градишка, Винко Гргиќ и градоначалникот на Крушево, Томе Христовски, пишува хрватски „Вечерњи лист“!

Градоначалникот Гргиќ кажа дека една несреќа направи два народа, македонскиот и хрватскиот, и две општини, Крушево и Нова Градишка, да се запознаат и да соработуваат благодарејќи на песните на популарниот македонски поп пејач, Тоше Проески.
„Она што не поврзува со Нова Градишка е трагедијата на пејачот и наш сограѓанин Тоше Проески. Но, заедно сите сме негови фанови и сега и пред неговата смрт. Да се потрудиме да го продолжиме неговото дело, а тоа е добри дела, љубов и толеранција. Тоше вечно ќе живее во нашите спомени. Нека живее нашето пријателство и натаму, нека живее и споменот за Тоше преку овој споменик. Слава му“, изјави Христовски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *