Сутерен.мк

Мара Бунева, камен на сопнување меѓу Скопје и Софија

Панихидатат беше проследеноа со веење на знамиња на туѓа држава, скандирање со навредливи зборови за нашиот народ и држава…
На само педесетина метри од обележјето на локацијата каде се извршува панихидата на Бунева стојат и историските споменици на Цар Душан, Скендербег и Мајка Тереза кои истовремено се неизбришан дел од македонската историја поврзана со Српскиот и Албанскиот народ но тие не предизвикуваат негативни турбуленции кај скопјани како оние со Бунева

Како што завршува денот така и завршува и актуелноста на уште една непријатна панахида за контроверзната историска личност Мара Бунева. Овие настани и годинава како и во минатото беа организирани од страна неколку бугарски клубови со контроверзни имиња и странски бугарски политичари кои допатуваа во Скопје со повеќе автобуси за да учествуваат на настанот.

Во светло на заострените меѓудржавни релации помеѓу Македонија и Бугарија поврзани најпрво со софиското вето и подоцна со условот за внесување на Бугарите во Уставот за проодолжување на патот кон ЕУ, овој пат настаните за среќа минаа без инциденти иако провокациите беа декор на случувањата кои дополнително ги вознемирува духовите на двата народа.

Прв во провокациите денеска беше бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски. Тој пред црквата Свети Димитрија пред насобраните кои најголем дел дојдоа од Бугарија, но имаше и дел од Скопје и го делеа ставот дека Мара Бунева била бугарски национален херој иако не можеа да кажат кога е таа родена истакна дека бугарското раѓање почнало од Македонија.

– Од тука почнува бугарското раѓање, бугарските премиери се родени во Македонија, бугарските воени началници се од Охрид, тие кои што оделе по војните се од Охрид, од Ресен, од Скопје, како еден Дрангов го имате, луѓе родени во Македонија, тие се родени тука и се определени како Бугари, тоа не можете да го одречете, тоа ниту една пропаганда не може да го одрече, изјави Џамбаски.

Во правец на исполнување на одредбите на договорот за добрососедство потпишан од владите на двете држави, Македонија дозволи мирно чествување на Бугарите на Кејот на Вардар во Скопје иако нема реципроцитет од бугарска страна кога на Македонците во Бугарија не им се дозволува да присуствуваат на годинешните чествувања на Јане Сандански на Роженскиот Манастир до Мелник во Пиринска Македонија.

Дополнително, текот на панихидата, овој пат беше проследено со веење на знамиња на туѓа држава, скандирање со навредливи зборови за нашиот народ и држава… а сето покажува дека овие постапки се спротивни на заложбите за добрососедски односи меѓу Скопје и Софија.

Сепак факт е дека Бунева е дел од личностите кои на овој или оној начин оставиле траг во историските случувања во Скопје и земјава. На само педесетина метри од обележјето на локацијата каде се извршува панихидата на Бунева стојат и историските споменици на Цар Душан, Скендербег и Мајка Тереза кои истовремено се неизбришан дел од македонската историја поврзана со Српскиот и Албанскиот народ но тие не предизвикуваат негативни турбуленции кај скопјани како оние со Бунева.

Спомен-плочата и воопшто ликот на делото на Бунева различно се гледа во Македонија. Еден дел македонските граѓани и историчари сметаат дека Бунева како член на ВМРО на Иван „Ванчо“ Михајлов се борела за бугарската кауза и оттука нивните чувства кон спомен-плочата и случувањата околу неа се негативни и ги чувствуваат како националистички провокации од разни пробугарски и бугарски националистички друштва и партии.

Во меѓувреме, кога се говори за Бунева треба да се знае и дека историјата вели дека таа е родена 1902 година во Тетово од мајка Ана и татко Никола. Основно училиште завршила во Тетово, а средно образование во Скопје. Таткото на Мара Бунева бил Никола С. Бунев кој во својот живот гаел пријателски врски со видниот публицист родум од Тетово- Матеја Геров и со познатиот д-р Никола Герасимов. Во семејството на Мара Бунева имало шест деца: Борис, Лазар, Мара, Надежда, Вера и Елена.

Бунева својот траг во историјата го остава кога на 13 јануари 1928 година извршила атентат врз српскиот државен обвинител Велимир Прелиќ, на кејот на реката Вардар, кај Камениот мост во Скопје. По атентатот, Бунева самата се застрелала за да не падне во рацете на српските власти а на повредите им подлегнала еден ден подоцна, на 14 јануари.

Атентатот што го извршила Мара Бунева врз Прелиќ му претходел голем судски процес на 20 Македонски студенти во Скопје, кој побудил големо интересирање кај европската јавност. Судените биле членови на Македонската младинска тајна револуционерна организација, основана во 1923 година во Виена. Таа имала своја мрежа во Берлин, Грац, Лајпциг, Прага и Париз каде што студирале Македонски студенти. Истовремено, свои јадра создала и во Македонија – во Скопје, Штип, Велес, Прилеп, Битола, Крушево, Ресен, Крива Паланка, Куманово, Кратово, Берово, Струмица, Тетово, Радовиш и Неготино.

Од друга страна овие настани денеска беа прокоментирани и од политичките елити во земјата. Имено, Петар Богојевски од Македонски коннцепт во дел од својот осврт во Фејсбук објава за случувањата посочи и дека македонската државност мора да се почитува од сите.

– Откако ќе научат да ја почитуваат државноста на Македонија, дека не смеат да негираат историска вистина за Македонија и Македонците и за Мара Бунева, ќе има надеж да имаат нормален живот како сите наши граѓани! – напиша Богојевски.

Инаку денешната панихида на Бунева е само една од серијата провокации од бугарска страна. Претходно беа отворени и бугарските културни клубови именувани по докажани соработници на фашистичскиот режим како Ванчо Михајлов и Цар Борис Трети, а при отворањето на бугарскиот културен центар во Скопје бугарските преставници ни подарија икона од Свети Климент Охридски, порачувајќи дека бил заеднички светец на Македонија и Бугарија.

Извор…

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *