Сутерен.мк

Момчето кое го шпиунира Путин!

Џек Свини откако постигна голема интернет слава и го навлече гневот на Илон Маск со својот профил на „Твитер“ „Елон’с Џет“, сега ги следи авионите на некои од најбогатите луѓе во Русија, поради инвазијата на Украина, меѓу кои и оние во кои лета Владимир Путин!

Иако 19-годишното момче од Флорида е едно од многуте кои нуди такви услуги, профилите на Свини се уникатни и нивната лесна пристапност нуди прозорец во животите на денешните милијардери.
Свини, вели дека ги започнал новите профили откако добил бројни барања за следење на авионите на руските олигарси.
„Авионите што ги имаат овие олигарси се апсолутно луди“, изјави Свини, истакнувајќи дека најбогатите луѓе во Русија патуваат со авиони со комерцијална големина како Ербас А319 и Боинг 737. „Нивните авиони се огромни во споредба со другите авиони“.

Тој следи различни хеликоптери, приватни авиони и авиони со комерцијална големина, вклучително и оние во сопственост на Владимир Потанин – најбогатиот човек во Русија, Роман Абрамович – сопственикот на фудбалскиот клуб Челзи, и милијардерот Александар Абрамов.
Овој студент и ентузијаст вљубеник во авијацијата , вели дека создал 16 автоматизирани Твитер налози , или „ботови“, кои ги следат приватните авиони на милијардерите.

Инаку тој го следеше авионот на Илон Маск и се надеваше дека Маск ќе сака да го купи налогот со кој беше следен , но извршниот директор на Тесла ја одбил понудата од 50 000 долари која ја барал тинејџерот.
„Отидов да спијам и се случи. Беше лудо“, рече тогаш Свини. Според неговите зборови, Маск му понудил само пет илјади долари.

„Го прашав Маск дали има шанса понудата да се зголеми на 50 илјади долари. Тоа би ми овозможило да купам автомобил, можеби дури и Тесла“. Свини му рекол на Маск и дека доколку не сака да плати, може да го избрише налогот за следење во замена за да му се овозможи стажирање во Тесла.

„Тоа беше последното нешто што му го кажав на Маск, а потоа ме блокираше“, призна Свини.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *