Сутерен.мк

Најава за лек на ракот

Американски научници создадоа лек во форма на таблета кој во претклиничките испитувања ги уништил сите карциноми и ги оставил здравите клетки непроменети, пренесува германската новинска агенција DPA.

Научниците од City of hope, една од најголемите американски организации за истражување и лекување на ракот, вчера ја објавија својата студија со детали за првите резултати од тестирањето на таблетата за убивање на ракот AOH1996.

Лекот ја таргетира канцерогената варијанта на антигенот во јадрото на пролиферирачките клетки (ПЦНА) – протеинот кој во својот мутиран облик е клучен за репликација на ДНК и поправка на сите тумори кои се шират, велат од City of hope.

Линда Малкас, професорка на Одделот за молекуларна дијагностика и експериментална терапија во калифорнискиот центар за лекување, ја развива таблетата последните 20 години. Малкас вели дека PCNA е како главен центар на аеодромски терминал кој има повеќевлезови во авион. Податоците покажуваат дека RCNA е уникатно променет во клетките на ракот, а тој факт им овозможил да дизајнираат лек кој го таргетира само PCNA во клетките на ракот.

Професорката вели дека резултатите се ветувачки и дека истражувањето покажало дека AOH1996 може да го сузбие растот на туморите во клеточните и животинскитна луѓе е во тек. Таблетата се покажала ефикасна во третирањето клетки на рак на дојка, простата, мозок, јајници, грло на матка, кожа и бели дробови. Тестирана е на повеќе од 70 клеточни линии на рак и утврдено е дека селективно ги убива клетките на ракот со пореметување на нормалниот репродуктивен циклус на клетките.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *