Сутерен.мк

Србија и удри педагошка на Бугарија

Српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, е револтиран од одбивањето на Бугарија да го признае постоењето на српското национално малцинство.
Во утринскиот блок „Ново јутро“ на Телевизија Пинк Дачиќ изјави:

„Бугарија не признава национални малцинства, но од друга страна, толку многу протестира за лошата состојба на Бугарите во Србија. Но кога ќе им кажеме, ‘а Србите во Бугарија’, тогаш тие одговараат: ‘Нема Срби во Бугарија’. Тоа значи дека и ние треба да кажеме дека нема Бугари во Србија. Тогаш нема да има проблеми со бугарското национално малцинство“, рече Дачиќ.

„За какви внатрешни работи се зборува денес во Европската Унија. Некои Бугари кои се во Србија 0,26 отсто од нашето население. Толку има Бугари во Србија. Но, на секој состанок на Европскиот совет, Бугарија го поставува прашањето за правата на бугарското национално малцинство?”, изјави Дачиќ на почетокот на јануари 2020 година на Српската државна телевизија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *