Сутерен.мк

Најтрагичниот датум во историјата

На денешен ден во 1452 година роден е Леонардо да Винчи, во 1923 – та инсулинот е пуштен во употреба и уште многу добри работи се случиле, но 15 април сепак, поради големите несреќи токму на овој ден, се смета за „најтрагичен датум во историјата“…

1865 – та: умре Абрахам Линколн

Линколн на 14 април таа година гледал театарска претстава, кога од зад грб, смртно го ранил со куршум в глава Џон Вилкс Бут. Претседателот паднал во кома и починал следното утро.

1912 – та: потона Титаник

На своето прво патување од Велика Британија за САД, потонал тогаш најголемиот и најлуксузен патнички брод. За само два часа и 40 минути, од 2 200 патници, животот го загубиле повеќе од 1 500 луѓе.

1986 – та: бомбардирањето на Либија

Военото воздухопловство на САД ги бомбардираше Триполи и Бенгази, десет дена после експлозијата во дискотека во Берлин, во која загинаа двајца американски војници. Во бомбардирањето загинаа 41 лице, вклучувајќи ја и посвоената ќерка на претседателот на Либија Моамер Гадафи.

1989 – та: катастрофата во Хилсборо

На полуфиналниот натпревар на ФА купот помеѓу Ливерпул и Нотингем Форест на стадионот Хилсборо во Шефилд се случи рушење на трибините, при што загинаа 96, а беа повредени над 700 луѓе.

1997 – ма: пожарот на аџилак

Во пожарот што ја зафати шаторската населба на муслиманските аџии близу Мека во Саудиска Арабија загинаа 343 луѓе.

2002 – ра: летот 129 на Ер Чајна

Авионот на компанијата Air China се урна како последица на лошите метеоролошки услови, а од 167 луѓе на тој лет, 128 загинаа.

2010 – та: ерупцијата на вулканот Ејафјадлајекидл

Најголемото пореметување на воздушниот сообраќај во историјата на Европа предизвикано од природна катастрофа се случи токму на денешниот датум со ерупцијата на вулканот Ејафјадлајекидл во Исланд. Тогаш, милиони патници останаа заглавени на аеродромите.

2013 – та: бомбашкиот напад на Бостонскиот маратон

Тројца загинаа, а повеќе од стотина беа повредени во двете експлозии во текот на големиот маратон во Бостон, САД. За нападот беа осомничени двајца браќа, чеченски и емигранти.

2015 – та: трагедијата на Медитеранот

Повеќе од 800 мигранти загинаа кога се преврте бродот на Медитеранското море, кај италијанскиот остров Лампедуза. Само 28 бегалци од Либија преживеаја.

2019 – та: пожарот во Нотр Дам

Пред две години, целиот свет гледаше како оган го проголта покривот и кулата на славната катедрала Нотр Дам во Париз.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *