Сутерен.мк

Последици од многу низок холестерол

Холестеролот е важен за здравјето на мозокот, па ако е многу низок може да предизвика појава на депресија и други здравствени проблеми…


Анксиозност

Анксиозноста може да биде уште еден симптом на низок холестерол. Експертите советуваат дека холестеролот може да се зголеми со консумирање здрава храна како риба и рибино масло.

Предвремено породување

Според резултатите од истражувањето од 2015 година, нискиот холестерол може да биде исто толку опасен за бременоста како и високиот холестерол, бидејќи може да предизвика предвремено породување.

Мозочен удар

Нискиот холестерол го зголемува ризикот од мозочен удар. Исто како што е важно да се осигурате дека холестеролот не е висок бидејќи предизвикува кардиоваскуларни заболувања, исто така е важно да не е премногу низок.

Рак

Исто така, постои врска помеѓу холестеролот и ракот. Недијагностицираниот карцином може да предизвика опаѓање на холестеролот, покажа истражувањето на Националниот институт за рак на САД.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *