Сутерен.мк

Прв маж на насловна на британски „Вог“

Британскиот „Вог“ за прв пат стави маж на својата насловна страница, а станува збор за 26-годишниот актер Тимоти Шаламе.

– За прв пат во 106-те години постоење на британски Вог, на насловната страница се најде маж – пишува на Твитер-страницата на магазинот.


Насловната страница и фотографиите се потпишани од Стивен Мајзел, а преку нив се обидуваат да ја покажат волјата на Шаламе да експериментира со модата. Мажите неколкупати се појавија на насловните страници на британскиот Вог, но како придружници на жените.

Тимоти Шаламе неодамна го привлече вниманието со својот моден избор за филмскиот фестивал во Венеција каде што се појави во впечатлив црвен комбинезон.


Во разговор со уредникот на британскиот „Вог“, актерот изјави дека за него е исклучителна чест да биде на насловната страница на „Вог“, на која претходно се појавија модни икони како Ријана, Били Ајлиш и Лејди Гага.
Тимоти се прослави во 2017 година по неговата улога во филмот „Викај ме со твоето име“, номиниран за Оскар.

Најавено е дека наскоро ќе се појави во мјузикл за Вили Вонка, лик од детската книга „Чарли и фабриката за чоколади“.
Пејачот Хари Стајлс беше првиот маж којшто се појави на насловната страница на американското издание на „Вог“ во 2020 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *