Сутерен.мк

Лекција за стајлингот на жените на туѓи свадби

Пред неколку дена се ожени најмладиот брат на Новак Ѓоковиќ, Ѓорѓе, со водителката и манекенката Сашка Веселинов, а појавата на настанот на тенисерот и неговата сопруга ги воодушевила присутните.

Особено, гардеробата на Јелена Ѓоковиќ, која е потполно неочекувана за „свадбарските вкусови“ на овие простори. Нејзиниот стајлинг е изненадување, но луѓето од вкус велат дека е елегантен и полн погодок за ваква прилика.

Имено, со комбинацијата од бела, струкирана кошула, тесни „цигара“ беж пантолони и салонки со висока потпетица во иста боја, неутрална чанта, дискретна шминка и ненападна фризура таа докажа уште еднаш, дека минимализмот може да биде многу ефектен односно, дека „помалку е повеќе.“

Освен ова, Јелена, иако беше важна гостинка на оваа венчавка, наместо гламур и раскошна тоалета, одлучувајќи се за едноставна модна комбинација, покажала почит кон невестата, не обидувајќи се да ја засени.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *