Сутерен.мк

Пред пикот сме на ковид бранот

Во земјава се активни над пет илјади случаи со Ковид-19 и таа се наоѓа во жолта зона, а Комисијата за заразни болести засега не препорачува нови мерки.

Министерот за здравство, Беким Сали, посочи дека, ако се гледа според искуството на досегашните бранови на зараза со Ковид-19, сега се наоѓаме пред пикот на сегашниот бран.
според податоците од Министерството за здравство, повеќе од половина од тестираните биле позитивни на коронавирусот. Според последната статистика од вчера, има нови 855 случаи од направени 1 602 тестирања.

Најмногу новозаразени има во Скопје – 347, следна е Битола – 77, а Куманово има 55 случаи.

Скопје останува на неславниот врв. Од 5 169 моментално позитивни на Ковид-19, 2 226 се во главниот град.
Министерот апелираше до хронично болните да се вакцинираат со четврта доза доколку веќе примиле трета, а до лицата кои се тестираат дома со брзи тестови побара да се самоизолираат најмалку три дена.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *