Сутерен.мк

Силвија Плат: Зборувам со Бога, но небото е празно

Силвија Плат е жената која ја облагороди поезијата на 20 век – иако честопати оспорувана, постхумно глорификувана и вечно интригантна, таа успеа да остави свој белег во вечноста.
Израсната во академско семејство, таа уште од мали нозе покажувала љубов кон перото. Била одлична ученичка, а уште подобра студентка со коефициент на интелигенција од 160.

Но, нејзините дваесетти откриле нешто што сиот живот деменело во сенките на нејзиниот ум – клиничката депресија. Нарушувањето, за кое толку малку се знаело во тоа време, честопати се сметало пејоративно како „лудило“ или, пак, минимизирано и сведено на „меланхолија“.

Плат ја имала првата голема епизода на колеџ, кога уредничката ѝ го скратила правото да го запознае нејзиниот идол од детството – поетот Дилан Томас. По два дена „демнење“, Силвија се обидела на насилен начин да си го одземе животот, а набрзо следел и вториот обид.

После тоа била сместена во психијатриската установа и била третирана со шок-терапија.

По враќањето во социјализацијата, го запознала човекот на нејзиниот живот, поетот Тед Хјуз, со кој имала две деца. Бурниот брак, преполн со насилство, на крајот резултирал со неверство на Тед – што ја поттикнало Силвија за третиот обид за самоубиство.

„Тонев во црнило, за кое, верував, дека беше вечен заборав“, ги опишала Силвија своите трагични искуства.

Откако се разделила од сопругот, како самохрана мајка заробена во една од најтешките зими што ја памети 20 век, таа си го одзела животот во 1963 година, „ставајќи ја главата во рерна“, но иако овој начин на самоубиство бил исто така многу опасен по другите поради отровниот гас, Силвија го „заштитила просторот помеѓу кујната и детската соба со крпи и ленти“ каде биле нејзините деца: девојчето Фрида и момчето Николас. (Николас ја наследил депресијата од мајка си и самиот си го одзел животот на 48-годишна возраст.)

Порталот „Гудридс“, пренел дел од нејзините мисли кои секогаш ќе останат запаметени во светот на книжевноста.

* „Никогаш не можам да ги прочитам сите книги што ги сакам, никогаш не можам да бидам сите луѓе што ги сакам и да ги живеам сите животи што ги сакам. Никогаш не можам да се обучам во сите вештини што ги сакам. А зошто? Сакам да живеам и да ги чувствувам сите нијанси, тонови и варијации на менталното и физичкото искуство, можни во овој живот. А сум ужасно ограничена. ”

* „Доколку не очекуваш ништо од никого, никогаш нема да си разочаран.“

* „Најголемиот непријател на креативноста е сомнежот во себеси.“

* „Тишината ме правеше депресивна. Не тишината сама по себеси. Мојата сопствена тишина.“

* „Ги затворам очите и целиот свет паѓа мртов; Ги кревам капацитети сè повторно се раѓа. ”

* „Запомнете, запомнете, ова е сега и сега и сега. Живејте го, почувствувајте го, приврзете се до него. Сакам да бидам акутно свесна за она што го зедов здраво за готово. ”

* „Зарем не постои излез од сопствениот ум?“

* „Зборувам со Бога, но небото е празно.“

„Кога ме прашуваат што сакам да бидам, јас велам ‘не знам’. Но знам, сакам да бидам сè. Кога сакаме сè, опасно сме близу да не сакаме ништо.“

* „Би требало ние да се сретнеме во друг живот, би требало да се сретнеме во воздухот, јас и ти.“

* „Зар не можеш да ме разбереш бар малку: мојот очај, моите идеали, тоа што толку го сакам животот?“

* „Морам да „нурнам“ во луѓето како навистина би ги запознала.“

* „Ако е невротично да се посакуваат две работи истовремено кои заемно се исклучуваат, тогаш јас сум невротична како ѓавол.“

* „Имам избор да бидам постојано активна и среќна или интроспективно пасивна и тажна. Или можам да полудам со отскокнување меѓу нив“.

* „Што правеа моите прсти пред да го држат него?“

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *