Сутерен.мк

Тајланд го фати марихуана-бизнисот

Тајланд го легализираше одгледувањето на марихуана и нејзината потрошувачка во храната и пијалоците, со што стана првата азиска земја што го стори тоа, со цел да ги зајакне своите земјоделски и туристички сектори, но пушењето сè уште е незаконско.

Тајланд, кој има традиција да користи канабис за ублажување на болката и заморот, ја легализираше медицинската марихуана во 2018 година.
Владата ќе им подели на граѓаните еден милион семиња канабис со цел да ги охрабри да го одгледуваат.
Од денеска, секое домаќинство ќе смее да поседува шест стебла марихуана, ако се регистрира кај властите, а и компаниите ќе можат да садат со дозвола. Во рестораните ќе се служат јадења и пијалаци зачинети со марихуана.

Властите ги предупредија граѓаните дека пушењето во јавност не е дозволено и ќе се смета за нарушување на јавниот ред.
Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *