Сутерен.мк

Чејмберс пред Дарвин

Англискиот природонаучник и геолог Чарлс Роберт Дарвин (1809 – 1882) денес во целиот свет е познат како творец на теоријата на еволуцијата, односно објаснувањето дека сите познати видови на светот се создадени развивајќи се од зеднички предци.

Теоријата ја образложил во делото „За потеклото на видовите“, објавено во 1859 година, каде објаснил и дека сите видови на живи организми на нашата планета опстојуваат благодарение на природната селекција, односно дека преживуваат оние кои најдобро се прилагодуваат.

Чарлс Дарвин

Трудот на Дарвин детално дава опис на оваа појава, а првиот тираж бил распродаден истиот ден кога се појавил во книжарниците! А до крајот на неговиот живот отпечатени се уште шест изданија.

Иако делото на Дарвин привлекло најмногу внимание, па и критики (особено од црковните кругови), овој научник сепак, не бил првиот кој објавил теорија за тоа дека организмите се менуваат и така настануваат нови, до тогаш непознати видови. Самата идеја постои уште од античките времиња, а малку пред  таа на Дарвин, во 1844 година, анонимно е објавена книгата „Траги на природната историја на создавањето“ од шкотскиот научник и издавач Роберт Чејмберс (1802 – 1871) во која се зборува дека различните видови се развиваат и преминуваат од еден облик во друг.

Роберт Чејмберс

Доприносот на Чејмберс го пофалил и Дарвин, во шестото издание на своето прочуено дело. Тогаш истакнал дека “Трагите…“ се многу важен труд заради „отстранување на предрасудите и подготовка на теренот за нови научни потфати“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *