Сутерен.мк

Чиј е Антарктик?

Иако станува збор за континент каде што нема ништо освен вечен снег и мраз, Антарктик низ историјата бил предмет на расправи меѓу неколку земји кои посакувале да ги присвојат тамошните предели.

Антарктик (иако за неговото постоење се знаело и порано) прв успешно го истражил Норвежанецот Роалд Амундсен (1872 – 1928) кој стигнал и до Јужниот пол во 1911 година. Малку порано, во 1908 година почнале „закачките“ помеѓу Аргентина, Чиле, Австралија, Велика Британија, Нов Зеланд, Норвешка и Франција за тоа кому му припаѓа оваа смрзната земја.

После Втората светска војна, во ова „друштво“ влегле и САД, Советскиот сојуз, Јапонија, Белгија и Јужна Африка. Сите тие во 1959 година го потпишале Антарктичкиот договор, кој стапил на сила во 1961 година, во кој се истакнува дека во иднина овој континент ќе се посетува само за научни и истражувачки цели, како и тоа дека засекогаш треба да остане мирно подрачје.

Договорот не ја спречува ниту една земја да има територијални претензии кон Антарктик, но забранува тие да се остварат преку било каков насилен пат. Ова е една од причините зошто никогаш немало војна на овој континент, а останатите се очигледни: кој разумен би трошел технолошки и човечки ресурси за да освои километри снег и мраз!?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *