Во амфитеатарот на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ Скопје, утре (6 октомври, петок) во 11 часот, ќе се одржи научен собир по повод 60 години од смртта на Ѓорѓи Абаџиев, македонски писател, раскажувач романсиер, историограф, публицист и сценарист.
Поздравна реч ќе има проф. д-р Наташа Аврамовска, а за животот и делото на Абаџиев ќе говорат: проф. д-р Лорета Георгиевска-Јаковлева (Културната меморија во книжевниот опус на Ѓорѓи Абаџиев), проф. д-р Валентина Миронска-Христовска (Ѓорѓи Абаџиев и Македонскиот литературен кружок) и проф. д-р Гоце Смилевски (Индивидуалното и историското во романот „Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев).