Во автобусот имало 52 лица. Меѓу 46-те загинати има и 12 малолетници, а останатите главно се млади лица на возраст од 20 до 30 години!
Автобусот се враќал од Истанбул. Во 21 часот влегол во Бугарија преку граничниот премин Капетан Андреево, а несреќата се случува некаде околу 3 часот наутро на автопатот од Софија кон Благоевград.
Како можна причина за сообраќајката се шпекулира со грешка на возачот или ненадејна техничка неисправност на автобусот.
Опожарениот автобус бил последен од колоната 4 автобуси кои се враќале од Истанбул.
Автобусот бил во сопственост на превозникот „Беса транс“
Според Османи најголемиот дел од жртвите се од Скопје.
Автобусот удрил со предната десна гума во сообраќаен знак, по што бил исфрлен 45 метри настрана, изјавил секретарот на регионалниот совет за безбедност, Васко Пиргов.
Пиргов: „Возачот најверојатно имал туби со дизел до предните седишта заради што дошло до експлозија и палење“.
Роднини на загинатите и полиција пред канцеларијата на Беса транс.
Објавен е списокот на патници во автобусот. Се уште не се знае кои од овие патници бил во автобусот (заради можноста за размена на патници меѓу четирите автобуси кои биле на екскурзијата) и кој од нив е меѓу преживеаните.