Сутерен.мк

Маска која детектира Ковид-19!

Јапонски научници дизајнираа маски кои светат во случај на инфекција со коронавирус!
Тие користеле антитела од ној за да создадат заштитни маски кои светат во темница под ултравиолетова светлина!

Имено, јапонските научници објавија дека користеле антитела од ној за да создадат маски кои светат во темница под ултравиолетова светлина и со нив можно е да се потврди дали просторијата е заразена со корона вирусот.

Необичниот метод на Јасухире Цукамото и неговите колеги од Универзитетот во Кјото наскоро би можел да овозможи евтино и брзо тестирање за корона вирусот дома.

Врз основа на претходните истражувања кои покажале дека птиците се многу отпорни на болести, јапонските научници одлучиле да ги обложат филтрите на маските со антитела од ној за да помогнат во откривање на лица заразени со корона вирусот.

Како што велат, на ноевите прво им инјектирале неактивен, безопасен облик на корона вирусот, па антителата ги извадиле на посебен филтер поставен во внатрешниот дел на маската.

Во случај лицето да е заразено, филтерот ќе светне под УВ светлина.

Цукамото е редовен професор на Факултетот за ветеринарна медицина и со години ги проучува ноевите, барајќи начини на кои нивниот имунолошки систем може да помогне во борбата против птичјиот грип, алергиите и другите болести.

Тој вели дека се надева дека во понатамошните истражувања ќе успее да тестира поголем број луѓе и да направи маски кои би блескале без употреба на УВ зрачење и хемикалии.

Видео…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *