Сутерен.мк

Од „Викторија сикрет“ до злато на ЗОИ!

Американката Ајлин Гу, освои злато за Кина во слободно скијање, на 24-тите Зимски олимписки игри во Пекинг!

Ајлин е модел на Викторија Сикрет, а на ЗОИ настапува под знамето на Кина, иако е родена во САД.

Има само 18 години, но таа веќе успеа да обезбеди неколку моќни спонзорски договори, а рекламира и брендови како Луј Витон, Тифани, Гучи и Фенди.
Заработката од спонзори минатата година и донела 14 милиони евра.

„Ова е најдобриот момент во мојот живот. Најсреќен ден. Не можам да верувам дека ова се случи. Чувствувам како да испратив порака до светот. Ова беше моја најголема цел. Благодарна сум на шансата што можам да бидам тука“, изјави Ајлин.

Зимските олимписки игри во Пекинг се одржуваат од четврти до дваесетти февруари 2022 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *