„Нетфликс“ го објави првиот трејлер од долгоочекуваниот биографски филм за Мерилин Монро насловен „Blonde“.
Познатата актерка ја глуми „бонд девојката“ Ана де Армас, а филмот е базиран на истоимениот бестселер на Џојс Керол Оутс, кој доживеа голем успех.
Приказната го следи животот на Мерилин додека сè уште се викала Норма Џин, како и нејзиниот подем и слава и романтичните заплети.
Покрај де Армас, во другите улоги се појавуваат Боби Канавале, Адријан Броди, Џулиен Николсон, Ксавиер Семјуел и Еван Вилијамс.
Филмот треба да се појави на „Нетфликс“ на 23 септември.
Извор…