Сутерен.мк

Солена лубеница

Доколку комбинацијата на лубеница и сол ви се чини необична, не сте единствени.
Меѓутоа, тврдат големите кулинари, посолувањето на лубеницата ќе и ја смени текстурата, а благоста и се чувствува уште повеќе, бидејќи течноста се крева на површината. Уште понагласен ќе биде вкусот, ако така посолена ја оставите да отстои неколку минути.

Солта е природен електролит, па ќе ја подобри хидратацијата. Можете да користите било каква кујнска сол.
Првиот пат ставете сосема малку сол, за да се навикнете на новиот вкус, а подоцна можете и да експериментирате: да ставите малку мед врз лубеницата, исцедите лимета.
Освен врз лубеница, сол можете да ставите и врз грејпфрут, зелени јаболка, диња, ананас.
Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *