Русија го отфрли воведувањето на западното ограничување на извозната цена на руската нафта и порача дека „Европа сега ќе живее без руска нафта“
Претходно групата Г7, која ја сочинуваат најмоќните економии во светот заедно со Австралија и Европската унија, договори воведување на ограничување на цената од 60 американски долари по барел за руската нафта.
Се работи за потег со кој западните земји сакаат да ја спречат експанзијата на цените, но и на Владимир Путин да му ги скратат средствата кои му се потребни за финансирање на војната во Украина.
Ограничувањето на цените денеска го коментираше и портпаролот на Владимир Путин, Дмитри Песков, истакнувајќи дека Москва тоа нема да го прифати.
Песков рече дека Русија ќе спроведе „брза анализа“ на договорот за ограницување на цените, а потоа ќе одговори. Но, пред да стигне официјалниот одговор од Москва, стигна сигнализирачка порака од Михаил Уљанов, постојан претставник на Русија во меѓународните организации во Виена. Тој порача дека европските земји кои го поддржуваат ограничувањето на цените ќе зажалат за својата одлука.
„Оваа година Европа ќе живее без руската нафта. Москва веќе стави до знаење дека нема да продава нафта на државите кои го поддржуваат антипазарното ограничување на цените. Почекајте, наскоро ЕУ че ја обвини Русија дека ја користи нафтата како оружје“ – објави Уљанов на Твитер.