Ако се загубите во пустина, можете да пиете вода од кактус
Ова е нешто што сме го виделе на безброј филмови, но ако го пробате, може да ве чини живот.
Точно е дека кактусите содржат вода, но многу од нив содржат и супстанции кои се токсични за луѓето.
Можете да избегате од ајкула ако ја удрите по носот
Точно е дека ајкулите имаат многу нервни завршетоци на носот и ударот во ова област може да ги збуни.
Проблемот е што ако сте во вода, со ајкула, најверојатно ќе промашите.
Ако некогаш се најдете во ваква ситуација, подобро е да ја удрите на жабрите или очите. Ако имате каков било предмет со вас, како маска, искористете го за ударот.
Треба да чекате 24 до 48 часа за да пријавите исчезнато лице
Ретки се филмовите со исчезнување каде што не се спомнува овој мит.
Но, ако не можете да лоцирате некој, не треба да чекате за да пријавите во полиција.
Колку побрзо реагираат надлежните, толку се поголеми шансите лицето да биде најдено.
Можете да избегате од алигатор ако трчате цикцак
Постои мит дека ако трчате цикцак, наместо во права линија, можете да му избегате на алигатор.
Но, ова не е точно бидејќи алигаторот ќе продолжи да ве брка по права линија, па само ќе се движите побавно од него.
Точно е дека алигаторите се брзи, но добрите вести се дека главно не напаѓаат ако не се испровоцирани.
Па, ако се најдете во близина на алигатор, најдобро е бавно да се оддалечите и да не го вознемирувате.
Ако сте прободени, треба да го извадите предметот од раната
Ако сте прободени со што било, никако немојте сами да го отстрануваат предметот, без разлика дали е нож или нешто друго.
Предметот всушност создава притисок и го забавува крвавењето, а ова може да ви го спаси животот додека да најдете медицинска помош.
Треба да се одбраните во обид за грабеж
Никогаш немојте да глумите херој ако некој се бидува да ве ограби. Не знаете дали некој носи оружје, ниту дали е посилен од вас.
Па, не ризикувајте бидејќи вашиот живот сигурно вреди повеќе од она што ќе ви биде одземено.
Притоа, и статистиката покажува дека за време на грабеж, најчесто има жртви кога луѓето пробуваат да се одбранат.