Бракот и сличните мистерии

Мои роднини неодамна прославија 50 години брак и велат дека уште многу се сакаат. Ве читам и сакам да ве прашам: вие, верувате ли во толку години љубов?
Скептична

Скептична дарлинг, секако дека не. Сексуалната страст не верувам дека може да издржи пет години, а не пет децении.

Меѓутоа, важноста на семејната заедница, општествениот статус, материјалната комотност, социјалните релации, одобрувањето на заедницата, заедничките цели, малограѓанштината, ако веќе инсистирате – можат.

Кога ќе ги извагате овие параметри со авантурите, тие ќе победат. И треба. Сексот е едноставно, преценет…

(Упатствата во оваа рубрика се само субјективно гледање на меѓучовечките релации. Никако не треба да се сфатат како достојна замена за стручно мислење.)

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *