Фејсбук с(р)еќавања….
Мислев дека сум премногу жива, за да растам исправајќи ги колената. Секако, не скокнав од радост од тој песимизам, сфаќајќи го како некој супериорен став. Всушност, во само еден миг ми беше јасно дека времето на играта беше премногу кусо и дека, заврши. Подоцна, колку и да не се врзував за патетиката и дефетизмот, бев неупотреблива за се што преостануваше.
Така, се повлеков во она што го сметав за мој недопирлив скептицизам и заклучив дека моето образование е завршено.