Сутерен.мк

Викенд рецепт: Оригиналната руска салата

Првата руска салата е создадена во кујната на Белгиецот Лусиен Оливие, главниот кувар во еден од најпопуларните московски ресторани – „Ермитаж“ околу 1860 година.

Салатата брзо станува популарна во Русија, а потоа и во цел свет. Точниот рецепт на „салатата на Оливие“ се чувал во тајност, но со сигурност се знае дека содржела месо од тетреб, говедски јазик, кавијар, зелена салата, опашка од јастог, копар и чадено паткино месо.

Состојките се мешале со оригиналниот мајонез на Лусиен, кој покрај непознатите зачини, се состоел од бело француско вино, сенф и маслиново масло од Прованса.

Првиот јавен рецепт за оваа салата е објавен во март 1894 година во руското списание „Наша храна“:

  • Два компира
  • Едена малечка краставица (или голем корнишон)
  • 3-4 листа зелена салата
  • 3 големи опашки од ракови
  • ¼ шолја пифтија исечкана на коцки
  • 1 кафено лажиче копар
  • 3-5 маслинки
  • Две супени лажици мајонез

Како што салатата станувала се попопуларна, а состојките биле ретки и скапи, така обичниот народ си ја прилагодувал на своите можности.

Денес има многу варијанти на руската салата (со пилешко месо, шунка, пченка, грашок, кашкавал…), но Русите се уште го сметаат за „непростлив грев“ додавањето на морков.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *