Дизајнерката Вера Ванг пред извесно време го прослави 73-от роденден и на својот Инстаграм профил објави фотографии од раскошната прослава.
Ванг на роденденската прослава носела розов комплет со отворен преден дел, додека пак за оваа прилика на темната коса ѝ додала розови прамени.
Славеничката исто така носела и сребрени потпетици, како и накит со розови детали.
„Славам роденден со торта, караоке и мојот розов шампањ“, напишала Вера во описот на фотографијата.
Дизајнерката и поранешна лизгачка веќе неколку пати зборувала за тајната на својот млад изглед.
„Работа, спиење, коктел од вотка и избегнување на сонцето“, објасни таа во едно интервју.
„Мојата омилена работа за појадок е омлет со малку тост и можеби сланина“, изјавила Ванг.
Што се однесува до ручекот, таа јаде пилешка супа, со многу зеленчук, додека пак, за вечера обично тоа е кинески оброк.
Понекогаш одлучува да јаде нешто поразлично, како што е кафеав ориз или пак варен карфиол со пилешко и ориз или пак салата со риба.
„Се откажав од диеталната кока-кола пред шест години, тоа беше една од најтешките работи, но пијам вода и коктели со вотка“, вели таа.