Сутерен.мк

До кога на Балканот ѕверовите ќе бидат ѕвезди?

Пред редакцијата на српскиот дневен весник Информер во Белград е организиран протест во организација на Женска солидарност поради интервју со сериски силувач

Стотина жени, граѓански активисти и политички претставници на партијата ПСГ и движењето „Не го давете Белград“, денеска протестираат пред зградата каде се наоѓа редакцијата на весникот „Информер“, откако овој провладин српски таблоид објави интервју со сериски силувач на жени, излезен од затвор пред неколку месеци.

При протестите бил нападнат и главниот и одговорен уредник на „Информер“, Драган Вучиќевиќ. Една девојка му пришла и го навредувача поради скандалозното интервју кое го дозволил и на крај го клоцнала со нога.

Српската Коалиција за слобода на медиумите (КЗСМ) соопшти денеска дека најостро го осудува објавувањето и начинот на интервјуто во „Информер“ со осудениот сериски силувач Игор Милошевиќ, кој тукушто излезе од затвор, истакнувајќи го како главен проблем тоа што Милошевиќ го опишува извршувањето на разни кривични дека, а и како тогаш се чувствувал.

Садистот Игор Милошевиќ

КЗСМ смета дека е прекршен Кодексот на новинарите на Србија, бидејќи давањето медиумски простор на силувач на овој начин е недозволиво и нема никаков јавен интерес со кој може да се оправда ваквиот пристап.

Коалицијата додава дека етичкиот кодекс на новинарите, општествената одговорност и основната емпатија, наложуваат да бидеме солидарни со жртвите и да ги штитиме и почитуваме нивните права и достоинството.

Истакнува дека Кодексот обврзува дека новинарите мора да водат сметка за кредибилитетот на изворот, објективноста и за далекусежните последици на изговорените и напишаните зборови.

Претставниците на владиното мнозинство во Србија веднаш го осудија нападот врз Вучиќевиќ, а министерот за одбрана Небојша Стефановиќ повика сите да го осудат овој инцидент кој што го нарече линч организиран од опозицијата.

„Без разлика дали се согласувате со некој текст или со уредувачка политика на некој медиум, без разлика дали ви се допаѓаат или не, длабоко погрешни се и опасни обидите да се спречат медиумите да ја работат својата обврска“, вели министерот Стефановиќ по нападот предизвикан од интервјуто.

„Доколку медиумите работат вакви работи, тие се директни соучесници и вршат насилство врз жените. На насилниците не им е место во медиумите“, порача Марковиќ од „Женската солидарност“ на протестите пред полицискиот кордон распореден околу редакцијата на „Информер“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *