Сутерен.мк

Засекирани и брзи!

А што па вие имате против деколтеа, мини сукњи, штикли и убави жени? Се сеќавате на Ерин Брокович? И неа ли ќе ја распнете?

Група убави    

Група убави дарлинг, јас да мислам дека сум толку убава колку што вие мислите дека сте, нема на ум да ми падне да и пишувам на некоја си “драга Савета“! (Немојте уште да ми кажете дека се јавувате и по утрински контактни емисии!?) Тоа прво.

Второ… Ерин Брокович е преседан! Затоа и снимија филм за неа. Колку варијанти има Македонија на Ерин Брокович? Ниедна. Колку шетаат по улици и канцеларии, кафеани кои физички личат на Ерин? Илјадници. Што ќе рече, ти можеш да го облечеш костимот на Ајронмен, ама тешко дека тоа ќе те направи Тони Старк!

Трето… Немам ништо против ништо од горенаведеното. Напротив! Се вртам по убава жена, исто како и по убав маж! (Искрено, се помалку се вртам, бидејќи се помалку се движам – не само поради коронавирусов –  ама паметам…)

(Упатствата во оваа рубрика се само субјективно гледање на меѓучовечките релации. Никако не треба да се сфатат како достојна замена за стручно мислење.)

 

  

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *