Сутерен.мк

Зошто ќе ги напуштите?

Овен

Затоа што се ненормални, скроз! Искрени до коска, без грам дипломатија, животот ќе ви го направат пекол! Многу се секси, инаку тоа нивно дерење, опседнатост со контрола врз се, сите тие „криви дрини“ што ги исправаат, ретко кој може да ги издржи на подолг период. Дури ни нивната позната великодушност не може да ја „покрие“ напорноста да се биде покрај нив. Тешки се ко црна земја. Е сега, во креветот е сосема друга приказната…

Бик

Затоа што се заспани, без иницијатива, плашливи, здодевни што дури и себеси би си здодеале кога не би заспивале така брзо! Мрзливи се до „зла бога“ и само размислуваат како да се збогатат за да можат уште повеќе да се излежуваат. Би биле преслатки (не дека и вака не се), кога би умееле малку да си го „скратат јазикот“ и да поработат на разбирањето на другите. И да не бидат толку големи материјалисти. А и да умеат и да се извинат понекогаш…

Близнаци

Затоа што се површни брбливци и озборувачи. Зрелоста им е на ниво на петгодишно дете и бегаат од одговорност ко грешен ѓаол од света вода! Неверојатно се снаодливи и немаат проблем да најдат некој кој ќе им го бере гајлето. Во секое друштво мислат дека се најпаметните и секогаш, само тие се во право. Сепак, прешармантни и обично, убави се и ќе им гледате „низ прсти“ се додека не ви побараат да им купите некоја блесава, детска дрангулија…

Рак

Затоа што немаат поим не со кого се во креветот, туку ни на која планета се! Живеат во илузии,плачат и навредуваат по цел ден. Изгледаат како да можете да ги газите додека не цркнат, но всушност се саможивници кои сакаат да ви стават јамка на вратот. Тоа што знаат да се „разлигават“ кога треба е обична пресметливост, ама пак, неодолливи се притоа. Да, да, знаат и тоа како да ви се пикнат под кожа…

Лав

Затоа што се искомплексирани ликови од А класа! Се им зависи од туѓите пофалби, се трескаат од земја дека се многу битни, а кога масата онака баш, ќе ги искулира, трчаат дома да липаат. Таа нивна енергија, што буквално може да ве удави, не може секој да ја поднесе. А и многу трошат по козметички салони. Сексиљави се, па вреди да се проба, но прво наштелувајте го трпението, а и паричникот….

Девица

Затоа што никогаш ништо не им е по волја! Огледалото не го испуштаат од рака, дури ни кога го рибаат станот. Доколку некого не критикуваат, тогаш нешто средуваат, редат, исфрлаат фотографии од старите албуми… Ко пијавици се – ви се закачат ли, нема откачување додека тие самите не го посакаат тоа. Тотални невротичари, кои се ќе направат за да дојдат до тоа што го сакаат. Буквално се! А тоа се, може да биде многу еротски…

Вага

Затоа што се неодлучни створења! Овие суштества со лесен морал, флертуваат и додека спијат. Единствените кои во Зодијакот се претставени со предмет, наместо живо суштество,па сеа видете што кажува тоа за нивната „чувствителност“! Ќе ве напуштат за првото поинтересно „парче“ кое ќе го сретнат, но тоа не е причина да не ги „пробате“. Напротив! Знаат да изненадат. Само не очекувајте лојалност…

Шкорпија

Затоа што се психопати поголеми и од Овните! Плус, имаат урокливи очи. Вечно на ивица на депресија. Садисти. Манијачишта кои по цел ден мислат само на секс и како да му се одмаздат на тој што случајно, на поминување им згазнал на ногата. Или затоа што некој погрешно ги разбрал за нешто што тие погрешно кажале, во погрешно време! Перверзни во креветот, ако им побарате. Ако не, ќе ве изсексаат до исцрпување на најстаромодниот и за нив, најлесен начин…

Стрелец

Затоа што се самонаречени мудреци и филозофи! Главно, интелигентни, но зборуваат нешта што ништо не значат никому. Цел живот бегаат од љубовта. Знаат што пропуштаат, но вродената ароганција им ја одзема можноста да доживеат нешто посебно. Навредливи, потценувачки манипулатори. Ќе ве извисат, кога најмногу ви требаат. Интригантни се до несвест. Ликови по кои се копнее со години…

Јарец

Затоа што низ нос секој ден ќе ви вадат дека се најнапатените души на светот и дека ним им е најтешко! Агресивни и надрндани снобови, кои сами себеси не се трпат, а не пак, некој друг!? Скаменети статуи, опседнати со титули, звања, признанија. Ќе легнат тие и со некоја улична џукела, ама нема да ја венчаат. Ако сакате незаборавна ноќ, излажете ги дека сте ќерка/син на следниот МКД премиер…

Водолија

Затоа што се удрени со мокра чорапа иако, не признаваат! Како поинаку да се објасни зошто се женат/мажат со Овнови и Шкорпии!? Лебдеат наоколу, се маткаат и гњават со прашања на кои нема конкретни одговори. Чудаци, кои и самите од себеси се изненадени. Особено, кога ќе стапат во акција. А за тоа, треба да ги поттурнеш или повлечеш. Постојано нешто чекаат. Додека така збунети чекаат, искористете ги. Ќе се воодушевите. Веќе знаете од што…

Риби

Затоа што се плачковци, кои се самосожалуваат без престан, опседнати со тоа што мислат другите за нив! Живеат во некој прастар свет, но се и вешти манипулатори. Подвоени личности, во секој случај. Подмолни, дволични и лицемерни. Секогаш им треба заштитник и некој да ги води низ животот. Ако сте од тој ков, лидер, со заштитнички нагони, Рибите можат да ви го направат секојдневието волшебно. Во секоја смисла…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Contact Us