Сутерен.мк

Кевин се врати, навистина се врати

На 77-то издание на Канскиот филмски фестивал беше прикажан новиот филм „Хоризонт: Американска сага“ на познатиот актер и режисер Кевин Костнер. Проекцијата на овој вестерн, публиката ја поздрави со овации кои траеја седум минути.
Костнер во тие моменти не можеше да ги запре солзите, што е прикажано во краткото емотивно видео објавено на профилот на познатиот магазин „Вараети“ на социјалната мрежа Икс.

Од публиката на Канскиот фестивал можеше да се слушне: „Кевин! Кевин! Кевин!“.

Актерот, покрај тоа што е режисер, ја толкува и една од главните улоги во филмот. На присутните им се заблагодари и вети „уште три“ дела од франшизата „Хоризонт“, кои треба да добијат продолжение веќе во август. Тој присуствуваше на премиерата на филмот во Кан со своите пет деца.

„Жал ми е што мораше толку долго да аплаудирате за да разберам дека треба да почнам со говорот. Толку добри луѓе. Толку добар момент, не само за мене, туку и за актерите кои дојдоа со мене, за луѓето кои веруваа во мене, кои продолжија да работат. Ова е забавна работа и многу ми е мило што ја пронајдов. Ниту едно место не е вакво. Никогаш нема да го заборавам – ниту моите деца“, рекол Костнер.

Инаку, филмот е поглед на ширењето на американскиот Запад, раскажан од перспектива на сточари, фармери и војници кои градат иднина за себе во регионот, како и од перспектива на домородците кои први живееле таму. Тоа е длабоко личен проект за Костнер, кој вложи голем дел од своето богатство во снимањето на филмот вреден повеќе од 100 милиони долари, вклучително и хипотека на неговиот ранч. Костнер го продуцираше филмот и беше ко-сценарист на истиот.

Приказната за новиот филм беше проследена и со контроверзи поради серијата „Јелоустоун“, хит-серијата во која глумеше и која ненадејно ја напушти и покрај високата гледаност. Продуцентите на серијата тврдеа дека Костнер бил помалку достапен кога комплицираното создавање на новиот филм му го одземало целото време..

Првиот дел од филмот беше прикажан во Кан, американската премиера е закажана за 28 јуни. Вториот дел ќе биде претставен на 16 август. Во филмот играат Сиена Милер, Сем Вортингтон, Аби Ли, Лук Вилсон и многу други.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *