Станува збор за австриската престолнина Виена.
Во категоријата „љубезност“ на истражувањето „Expat City Ranking 2022“, Виена е на последното место. Дури 46 отсто од луѓето велат дека луѓето кои живеат во Виена се навистина нељубезни. 54 отсто од анкетираните тврдат дека во Виена е тешко да се пронајдат пријатели, а 32 отсто од нив тврдат дека се несреќни поради социјалниот живот.
Додека Мексико Сити, Мускат и Валенсија се најдоа на листата најљубезни градови во светот, во истражувањето титулата најнељубезни градови им припаѓа на Франкфурт, Хамбург и Виена.
Според магазинот Монокл, градот зазема високи места според стандардите за живеење, односно се наоѓа на петтото место во 2010-та.