Завршен е „најтенкиот облакодер“ на светот. Има неверојатен висина-ширина во сооднос од 24 наспроти еден.
Ова е најновата кула во Њујорк која сѐ уште „го тресе“ Менхетн. Некои станари се вселиле во зградата уште минатата година, но целиот пакет дополнителни удобности беа во изградба до скоро, кога „ЏДС Девелопмент груп“ и „Проперти маркетс груп“ објавија дека монументалната зграда конечно е завршена. Воедно ова е и втора највисока станбена зграда на западната Земјина хемисфера, со своите 435 метри височина. Објектот има и украсен челичен врв од 91 метар.
Инаку, „Бурџ Халифа“ со своите 828 метри височина неприкосновено е највисок облакодер на светот.