Сутерен.мк

Омикрон е најбрзиот вид на коронавирусот!

Сојот на коронавирусот – омикрон, кој се шири со брзина каква што светот не ја видел од почетокот на пандемијата, останува опасен вирус иако предизвикува поблаги симптоми, изјави генералниот секретар на Светската здравствена организација, Тедрос Адана Гебрејсус!

„Иако омикрон предизвикува поблаги симптоми од делта (доминантната варијанта досега), тој останува опасен вирус, особено за оние што не биле вакцинирани“, рече Гебрејсус за новинарите.

Омикрон, кој првпат беше идентификуван во јужниот дел на Африка на крајот на ноември 2021 година, се прошири во целиот свет и огромен број луѓе се заразени со овој вид.

„Повеќе пренос на вирусот, значи повеќе хоспитализации, повеќе смртни случаи, повеќе луѓе неспособни за работа, вклучително наставници и здравствени работници. Исто така, постои опасност од нов вид, кој може да биде попренослив и смртоносен од омикрон“, предупреди генералниот секретар на СЗО.

Друг претставник на организацијата, Мајкл Рајан, изјави дека коронавирусот не е лесна болест, но е болест што може да се спречи со вакцини.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *