Сутерен.мк

Расизмот зема невиден замав на Твитер

Откако Илон Маск потпиша договор за преземање на социјалната мрежа Твитер, бројот на говор на омраза на платформата е зголемен

Многу корисници пишуваат навредливи содржини за да ги тестираат границите на слободата на говорот, па податоците покажуваат дека употребата на зборот „нигер“ е зголемена за речиси 500 проценти за само 12 часа.
Институтот за истражување на заразата на мрежата (НЦРИ), кој се смета себеси за „неутрална и независна трета страна чија мисија е да следи, разоткрие и да се бори против дезинформациите и измамите на социјалните мрежи“, ги следеше ефектите од преземањето на Маск и најде докази кои сугерираат дека многумина ги тестираат границите на слободата на говорот на Твитер.

И корисниците на Твитер забележаа бројни примери на говор на омраза што се шири низ мрежата во четвртокот навечер и во петокот наутро, вклучувајќи коментари кои може да се опишат како неонацистички, расистички и антисемитски.
„ Овде имаме нацистички тролови кои се чувствуваат видно охрабрени од Маск, па веќе се закануваат со убиство и користат расистички, антисемитски и хомофобични навреди. Сигурен сум дека на огласувачите ќе им се допаднат и нивните реклами покрај ваквата содржина“, еден корисник напиша иронично и приложи примери за говор на омраза.

Употребата на зборот „н“ флуктуира во просек помеѓу 400 и 500 пати на ден, а сега скокна на повеќе од 1 500 откако беше официјално потврдено преземањето на Илон Маск.

Многумина се прашуваат дали профилот на Доналд Трамп, кој беше забранет од платформата по нападот на Капитол на 6 јануари, повторно ќе се активира. Канје Вест, чиј профил неодамна беше блокиран поради антисемитски коментари, неодамна се врати на страницата, иако Маск тврди дека тој не бил вклучен во одлуката.

Маск официјално стана сопственик на Твитер во четвртокот, неколку месеци откако првпат ги објави плановите да го купи во зделка вредна 44 милијарди долари.
Првиот твит што го објави по официјалното преземање гласеше: „Птицата е ослободена“.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *