„Боже, дај ми сила да го променам она што можам, трпение да го прифатам она што не можам да го променам и, над се, ум за тие две нешта да ги разликувам.“
Томас Мор
„Потребна ни е чашка разбирање, буре љубов и океан трпение.“
Свети Фрањо Салешки
„Човечката сила е составена од време и трпение.“
Оноре де Балзак
„Губењето на трпението, значи дека сте ја изгубиле битката.“
Махатма Ганди
„Трпението е моќ: со доволно време и трпение и листот од дудинка ќе се претвори во свила.“
Конфучие
„Мудриот човек може да се исправи по нанесената навреда, а најдобар одговор на недоличното однесување е трпението и одмереноста.“
Молиер
„Трпението е чекање. Не бидете пасивни. Тоа е мрзеливост. Туку продолжете понатаму и кога патот е спор и тежок.“
Лав Толстој
„Во бракот, трпението е клуч. Не љубовта, туку трпението!“
Антон Чехов