Сутерен.мк

Рецепти од вистинскиот грчки шеф

Јанис Каливас (на интернет: The real greek chef) е еден грчки бабачко кој неколку години живее во Австралија и „зна знање“. Знае тој и фенси-шменси, но нам ќеф ни прави со приземни и познати јадења околу кои Јанис има фини детали кои треба да се пробаат. Плус, кога ќе пише дека ќе прави празопита, јасно ти е дека се работи за пита со праз

Свински ребра

Потребно: свински ребра, кромид, лук, ловор, мајчина душичка, димен и сладок пипер, коцка супа, луто пиперче, балсамико, црвено вино, сок од домати, сок од портокал, мед.
Школки во сос од сенф

Потребно: школки, пиперки (нека биде шарено), буковец, сенф, бело вино, сирење, магдонос, копар.
Пилешки крилца со мед и сенф

Потребно: крилца, вода, зејтин, лук, коцка супа, сенф, оригано, сол, бибер, лимонов сок, мед, мајчина душика, рузмарин.

Пита со праз

Потребно: вода, брашно, сол, вински оцет (!), зејтин, праз, млад кромид, путер, јајца, сирење. (видеото нема звук.)

Кадаиф со ореви и фстаци

500 грама кадаиф
200 грама здробени ореви
50 грама лебни трошки
80 грама фстаци
лажичка цимет
половина лажичка морско оревче

За шербетот

700 грама бел шеќер
50 мл ружина вода
1 лимон
1 стапче

Заборавено јагне

Бидејќи доаѓа време на Велигден и јагнешко, а околу јагнешкото се плетат секакви митови (те да се марининира во ова-она, те да се остави во кисела вода…) кај Јанис тоа е просто:

На постела од праз, лук, моркови, целер, рузмарин и мајчина душичка, ставете посолено и забиберено јагнешко, турете зејтин, супа и црвено вино и заборавете го 6 до 8 саати на 140 степени.

Се разбира, никогаш не очекувајте дека ќе ви излезе баш како во Мрзенци.

Извор…

Рецептите на ФБ…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *