Сутерен.мк

Сребро за Георгиевски на ОИ

Дејан Георгиевски го освои сребрениот медал во теквондо во категоријата над 80 килограми на Олимписките игри во Токио.

Тој во финалето беше поразен со 15:9 од претставникот на Рускиот олимписки комитет, Владислав Ларин.

Георгиевски го освои сребрениот медал по победата во полуфиналето над Ин Кјо Дон од Јужна Кореја со 12:6. Во четвртфиналето Георгиевски беше подобар од репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска, Сајду Гбане со 9:4.

Македонија како самостојна држава досега имаше само еден бронзен медал од Олимпијадата во Сиднеј 2000-та, со борачот Могамед Ибрагимов.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *