Сутерен.мк

Телевизор што се „јаде“!

Јапонски професор развил прототип на ТВ екран кој може да се лиже и кој може да имитира различни вкусови на храна, што наводно е уште еден чекор кон создавање на мултисензорно искуство на гледање!

Уредот наречен „Taste the TV“ (ТТТV) користи 10 канистри со различни вкусови кои во различни комбинации создаваат вкус на одредена храна. Примерокот на вкусот потоа се нанесува на површината на екранот за да може гледачот да го „вкуси“ јадењето претставено на телевизорот.
овој тип на технологија може да го подобри начинот на кој луѓето се поврзуваат и комуницираат со надворешниот свет, вели Хомеј Мијашита, професор на Универзитетот Меиџи во Токио.

Мијашита вели дека правењето комерцијална верзија би чинело околу 700 долари.

Потенцијалната употреба на оваа технологија би можела да биде за курсеви на далечина за готвачи и сомелиери, или за разни игри и квизови за дегустација, вели професорот.

Видео…

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *